Во Октомври беше организирана работна средба наменета за пратеничките во Собранието на Република Северна Македонија од новиот состав на собранието.
Целта на средбата беше да се дискутира за состојбата со насилството врз жените и децата жртвите на семејно насилство како и помошта, поддршката и заштита која треба да ја пружат институциите во државата, како и потребните промени кои во наредниов период треба да се направат согласно препораките на ГРЕВИО.
На средбата се разговараше поконкретно за потребата од понатамошно дополнување на Кривичниот законик во насока на подобрување на заштитата на жените кои се или можат да бидат жртви на родово засновано и семејно насилство. Дополнително исто се отвори прашањето за една од најмаргинализираните групи на жени во општеството, а тоа се жените жртви на родово и семејно насилство кои имаат некоја форма на попреченост. Последна, но исклучително важна точка на дискусија беше заштитата и реинтеграцијата на жени жртви на насилство, преку обезбедување на функционални и финансиски обезбедени специјализирани сервиси за жени жртви на насилство и нивните деца.





