Работна средба со пратенички во Собранието на Р. Северна Македонија – „Извештај во сенка за Поглавјата 7 и 8 од CEDAW“

На 21-ви Септември 2023г. беше одржана работна средба наменета за пратеничките од Собранието на Р. Северна Македонија на која беа презентирани наодите на Извештајот во сенка за Поглавјата 7 и 8 од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW). На средбата учествуваа 20 пратенички од тековниот пратенички состав.

Тимот на Националната мрежа ги презентираше наодите на нацрт Извештајот во сенка, како и препораките кои беа предложени на работилницата со граѓански организации (15.09.2023).

По презентацијата следеше конструктивна дискусија каде учесничките ги споделија нивните согледувања на насилството врз жени во политика, како и општо во однос на жените во јавниот и политичкиот живот. Пратеничките истакнаа дека жените политичарки се оние кои треба да служат за пример на демократско однесување, бидејќи мажите политичари не го прават тоа доволно. На тој начин, ќе се постават добри примери и ќе се намалат предрасудите кон жените на лидерски позиции. Се согласија дека се преземени одредени мали чекори кон поголема застапеност на жените во политичкиот живот, но тоа не е доволно. Во демократијата мора да бидат вклучени и граѓанките, особено локалните жени чиј глас треба да се чуе.

Пратеничките истакнаа дека мора да се зголемува бројот на жени на сите нивоа од јавниот и политичкиот живот. Ова е особено важно поради фактот што малку жени е полесно „да се напаѓаат“, што и сега се случува. На тој начин тие се изложени на насилство, но и на обезвреднување на нивната работа само поради фактот што се жени.

Извештајот во сенка може да се проследи на овој линк.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Подготовка на Извештај во сенка за спроведување на CEDAW во Република Северна Македонија“, поддржан од Националниот Демократски Институт (НДИ).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во С. Македонија – Достапни можности, мерки, предизвици и препораки

Дали жените имаат еднакви можности за финансиско осамостојување? Со кои предизвици се соочуваат? Заедно со Здружението за еднакви можности – Мрежа Стела, на 10-ти Октомври

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектна координаторка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: