Работна средба со организации суб-грантисти – Реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на локално ниво

Во рамките на процесот на суб-грантирање на локални женски организации, на 16, 17 и 18 Јули 2021г. ја одржавме втората работна средба со претставнички од 8те суб-грантисти кои работат локално на терен во Битола, Прилеп, Тетово, Св. Николе, Велес, Радовиш, Струмица и Кавадарци. На средбата учествуваа сите 8 организации: Семпер, Клеа, Кортекс, Организација на жени на СВ. Николе, Организација на жени на Велес, Женска Акција, Скај Плус и Визија, кои ги презентираа сработените активности и постигнати резултати за изминатите 6 месеци од нивните проекти.

На работната средба ги дискутиравме наодите, препораките и заклучоците од спроведените локални анализи на потребите на жени жртви на насилство за процесот на реинтеграција. Согласно препораките и заклучоците, изработивме и планови за застапување и ги утврдивме чекорите за следните 6 месеци. Сите 8 организации суб-грантисти се подготвија за локално застапување за воспоставување на локални услуги за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство.

 Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „ Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската