Работна средба со Клубот жени парламентарки при Собранието на Република Северна Македонија

Денес имавме работна средба со Клубот на жени парламентарки. Средбата се оддржа на онлајн  платформата ЗООМ.

Целта на средбата беше презентирање на документот кој го подготви тимот на Мрежата, а кој вклучува предлог измени и дополнувања на предлог текстот за измени и дополнувања на Кривичниот Законик, подготвен од Министерството за правда, а усвоен од Владата на РСМ на крајот на месец јули 2021 година.

Предлог текстот на Кривичен закон беше изработен од работна група во која не беа поканети и не учествуваа претставнички од женски граѓански организации.

По деталната презентација на предложените измени, како и ставот на граѓанските организации за унапредување на заштитата на жените жртви на родово базирано и семејно насилство присутните парламентарки се согласија дека унапредување и дополнување на предложените измени на Кризивчниот Законик се потребни.

На крајот на средбата, по предлог на Претседателка на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Собранието на Република Северна Македонија, професорката Гордана Силјановска предложи закажување на јавна расправа во Комисијата за предложените измени и дополнувања од страна на граѓанските здруженија.

Документот со предлог измените и дополнувања на Кривичниот законик може да го најдете тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости