Работилница за селекција на супервизори на Линијата за родители

Од 09 до 10 јули организиравме дводневна работилница за супервизори за следење на услугите кои се обезбедуваат на Линијата на родители. Обучувачка беше Дарија Петович Бамбур – супервизорка на СОС Родителска линија. Работилницата се оддржа на онлајн платформата Зоом.

Целта на оваа работилница беше да се престави правилникот за работа на линијата, теоретските принципи и претпоставки за супервизорска работа, поддршката која треба да се обезбедува на оператор(к)ите ангажирани на Линијата за родители. Беа користени и  студии на случај, за учесниците/чките да имаат можност преку практична работа да вежбаат давање на супервизиска/менторска поддршка и фидбек на оператор(к)ите.

Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „Воспоставување на национална линија за советување за позитивно родителство“ финансиски поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската