Психосексуален развој кај деца во предучилишна возраст

Едукација за родители како да се постапи и што да се направи кога  ќе забележат кај малото дете допирање и самозадоволување

Кај малите деца во склоп на телесниот односно психосексуалниот развој се забележува дека доживуваат одредени сензации на пријатност и задоволство  при  рутинските хигиенските активности кои ги прават родителите со нив но и преку спонтани допири на интимните делови од телото на детето. Истите пробуваат и ги прават и сами како чин на самостимулација која е нормална здрава развојна појава која еднакво се случува и кај момчињата и кај девојчињата, иако има стеротипи дека е почеста кај момчињата.

Кај децата веќе на година и пол-две се забележува дека си играат со своите полови органи и имаат телесни реакции на смеа и задоволство. Самозадоволувањето почнува како несвесна реакција на допири и триење кои подоцна свесно ги прават како начин на барање на пријатност и растеретување преку стимулирање на половата регија, триење на нозете, јавање на некоја играчка, перниче, мече, лежење на стомак и триење од кревет, теписон и други различни предмети.  Кај повозрасните деца на 4-5 годишна возраст кај кои веќе е условена телесната шема и прават разлика помеѓу половите, имаат особена љубопитност во однос на туѓи голи тела, сакаат да ги набљудуваат своите родители кога се голи, но и своите врсници, во градинка влегуваат во тоалет со други деца соблекувајки се и гледајки ги меѓусебно половите органи прават споредување понекогаш и спонтани допири на своите гениталии, интерес и допири со деца од спротивен пол.

Интересот за интимни допири се манифестира и низ игри со другите деца како игри на Семејство – мајката и таткото кои се бакнуваат или имаат однос, љубовен пар, Доктори- прегледување и соблекување и слични игри во кои има елементи на имитација, играње на улоги кои се во склоп на психосексуалното учење и растење.

Често овие појави им будат страв  и вознемиреност кај родителите  дека нешто не е во ред со децата да толку рано прават вакви активности неможејки да направат дистинкција дека овие појави се развојни и не треба да  ги поистоветуваат со зрелата сексуалност и сексуално експериментирање кај адолесценти и возрасни.

Како да постапуваат родителите?

Родителот треба да е свесен и едуциран за развојните фази кај  децата односно да е запознаен со карактеристиките на оралната, аналната и  фалусната фаза во психосексуалниот развој кај предучилишното децата, латентната фаза,се до фазата на пубертет.

Родителот треба да има отворена комуникација и разговор со своето дете во текот на градењето на телесната шема, да со соодветни зборови и фрази за возраста ја именуваат и  децата знаат која е интимна регија на телото, кој, кога и како смее да ги допира.

Кога ќе забележат форми на самозадоволување кај децата да не бидат груби и со прекор со агресивнии критични пораки од типот: „Срамота е тоа да го правиш“, „Како не ти е срам во парк сме“, „Ме срамиш“, „Безобразен еден“ и сл. пораки со кои детето се чувствува лошо и со грижа на совест за нешто што незнае што згрешило. Доколу ова однесување е пропратено со казнување може да остане како фиксирана негативна слика за своето тело,  да детето се оттуѓи од своето тело, со негативна слика за себе и понатаму да остави потешкотии во градењето на здрава сексуалност како адолесцент и возрасен.

Ако родителот со секојдневно зборување и критика кон детето сака  да  го прекине несаканото однесување може да направи токму спротивен ефект да детето свесно ја зголеми зачестеноста на самозадоволувањето и слични акти како начин на кој му пркоси на родителот и добива внимание.

Она што најмногу ги загрижува родителите е кога децата се самозадоволуваат на јавни места и пред други луѓе.  Тоа што може родителот да го направи е со тивок и негувачки тон да го пренасочи однесувањето на детето кон друга активност, спонтано да го тргне детето на страна и  за исто зборуваат дома без прекор и казна за да детето разбере каде е тоа дозволено да го прави пример својата соба или тоалет. Кај повозрасните деца тоа е усвоено однесување да тоа го прават сами и скришно од другите кое родителите нетреба да го критикуваат туку да биде прифатено како активност која е дел од развојот кај детето.

Едукацијата и отворените разговори за психосексуалниот развој треба да се секојдневие во семејството а не за тоа да се чека да се зборува во пубертет, само така детето ќе изгради однос на доверба да биде отворено да прашува за тие теми кај родителот и ако има некои потешкотии или непријани настани  да има доверба и отворено да зборува за тоа без да се развие срам и потиснување.

Кога да се побара стручна помош?

Ако на родителите им треба поддршка да подобро ги запознаат карактеристиките на развојните фази кај  децата , како да зборуваат поотворено  и како да пристапат со децата разликувајки инфантилна мастурабиција наспрема возрасната сексуалност.

Ако забележат дека детето го прави тоа пречесто и преминува во комупулсивно однесување кое може да биде реакција на настани од неговото опкружување, (осаменост, развод, изолација и сл.) ако детето е под интензивен стрес и анксиозност па ја користи самостимулацијата како начин на растеретување и релаксација. Доколку самозадоволувањето е акт кој се зачестува и фиксира треба исто така да се има увид и што се детето гледа како содржини од медиуми и интернет кои се лесно достапни и будат чест интерес кај детето за кои треба навремено да се прекине и пренасочи кон соодветни содржини за неговата возраст.

Индиција за барање на стручна помош е ако родителот забележи дека детето ги стимулира другите деца или друго дете да прави вакво однесување.  Ако родителот исто така забележи неадекватно однесување кај детето кое искажува дека по пат на имитација тоа се самозадоволува и го прави како некое возрасно лице со кое било во контакт со можност и сомнение за некаква форма на сексуална злоупотреба на детето.

Пишува: Александра Прошева, клинички психолог
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и