Промоција на Женски центар за поддршка – Тетово

По отворањето на Женски центар за поддршка – Тетово во Декември 2021г. во следните 6 месеци се спроведуваше тековна промоција на Женскиот центар низ разни активности на територијата на Град Тетово. Се спроведоа 14 промотивни средби со локални институции и бизниси, како и образовни институции и граѓански организации, со цел нивно запознавање со работата на центарот и можноста за упатување жени жртви на родово базирано и семејно насилство. Дополнително, тимот на центарот гостуваше во повеќе медиуми каде исто така се промовираа достапните услуги за жени и деца жртви на насилство. 

Тимот на Женски центар за поддршка – Тетово одржа средби со претставнички на ЈУМ Центар за социјална работа – Тетово, потоа инспекторите за семејно насилство од СВР Тетово, жените инспекторки и советнички од Државниот инспекторат за труд од Тетово, патронажните сестри од Здравствениот дом – Тетово, и неколку средби со претставници на Општина Тетово. Дополнително, на 8ми Март на Меѓународниот ден на жената, се одржа и трибина во општинската сала на Општина Тетово. Со претставникот за образование на Општина Тетово беше договорена активност со учесниците од 3та и 4та година во средните училишта во Тетово, со цел нивно запознавање на услугите на центарот.

Во соработка со локалните образовни институции се одржи трибина со студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна се организираше и средби со студенти од Одделот за Психологија и Социологија при Државниот Универзитет „Фадил Сулејмани“ – Тетово. На овие настани студентите имаа можност да се запознаат со услуги кои се обезбедуваат во Женскиот центар, како да препознаат насилство и соодветно да упатат во центарот.

Беа одржани и средби со 2 локални приватни градинки, „Rea“ и “Kopshti Bletëzat”. Вработените беа запознаени со можностите за бесплатно советување и ресурси за работа со деца, и начини како да се помогне на жени и деца кои се справуваат со родово базирано и семејно насилство.

Се одржаа средби со гинеколошката ординација на Гинеколог Валбона Гонабајал Рустеми, со која се воспостави соработка за бесплатни гинеколошки услуги за жените кориснички на Женки центар за поддршка – Тетово. Од оваа соработка понатаму се направи иницијатива за средба со жени претприемачки од Тетово и околината, на која се дискутираат можностите за поддршка на центарот од бизнис секторот.

Понатаму, средби се одржаа со Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“, Институтот за развој на заедницата – Тетово, Центарот за советување и психолошки услуги – Декас, психолошкиот центар Психолаб и биохемиските лаборатории ЛАОР од Тетово.

Овие активности беа спроведени со поддршка на Балканскиот Фонд за Демократија и Норвешката амбасада во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости