Промоција на Анализата на системот за заштита од родово базирано и семејно насилство во Североисточен регион

На 12.04.2022 година во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, Здружението Национален Ромски Центар ја промовираше Анализата на системoт за заштита oд рoдoвo базиранo и семејнo насилствo вo Северoистoчен региoн за пристапнoст и дoстапнoст на специјализирани сервиси за пoмoш и пoддршка во овој регион.

На настанот присуствуваа претставници на Општина Куманово, претставници на центрите за социјални работи, Куманово и Кратово, Министерството за правда подрачно одделение Куманово, претставници на граѓанските организации од Куманово како и Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓеоргиевска, која во своето излагање ја поздрави активноста со иницијатива за нејзино залагање во иднина за поддршка на граѓанските организации.

Наодите од спроведената анализа покажуваат дека недостасува системски пристап  во справување со проблемот на насилство врз жени и семејно насилство. 

Дополнително не се исполнети минимум стандардите пропишани во Истанбулската Конвенција за пристап до специјализирани услуги.  Не е воспоставен ниту еден центар за жртви на семејно насилство (засолниште) и не е воспоставен ниту еден кризен центар за интервентно сместување на жени жртви на семејно насилство.

Постои само едно советувалиште за жртви на семејно насилство, воспоставено во рамки на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Куманово, во чии рамки услугите не се обезбедуваат во согласност со меѓународните стандарди и соодветно на потребите на жртвите. Според Истанбулската Конвенција во Североисточен плански регион треба да бидат достапни најмалку две советувалишта за жени жртви на насилство и нивните деца.

Целата анализа достапна само на македонски јазик и може да се прочита на следниот линк.

Анализата е подготвена од страна на Националниот Ромски Центар во рамки на проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македoнија“ финансиран од Фондацијата Квина тил Квина, а имплементиран oд Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската