Донатор: Фондација Жена за Жена/Квина тил Квина
Цел: Придонес кон воспоставување на сеопфатно законодавство и механизам за поддршка за заштита на жртвите на родово базирано насилство во Македонија како услов за создавање родово демократско општество со европски вредности. Дополнително, ќе се постигне зајакнување на капацитетите на организациите членки на мрежата во области како што се анализа, мониторинг и застапување во областа на заштитата на жените од родово базирано насилство, преку користење на механизмите на ЕУ и ОН за известување.
Времетраење: 01.11.2015 – 31.12.2016


