Прирачник за медиумско известување на теми поврзани со родовите прашања

Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите го подготвија авторките д-р Марина Тунева и Ана Аврамоска Нушкова. Овој прирачник е редок тип на материјал кај нас, но и пошироко и веруваме дека ќе наиде на широка примена од медиумските професионалци. Истиот ќе им послужи на сите оние кои работат во областа на родово базираното насилство и семејното насилство, а секојдневно се во комуникација со, медиумите кои пишуваат и споделуваат информации поврзани со овие теми.

Целта на овој Прирачник е, пред сè, да им помогне на медиумите во нивните заложби за професионално известување на родово сензитивен начин, а со тоа и во посветување внимание на проблемот со родово базираното насилство. Освен тоа, запознавајќи ги медиумите со соодветната терминологија, како и надлежните институции кои се задолжени да постапуваат, на законски и соодветен начин,  Прирачникот ќе им овозможи да стекнат сеопфатни познавања за случаите за коишто ќе известуваат и од која институција можат да ја добијат потребната информација.

Прирачникот може да се најде на следниот линк.

Прирачникот е изработен како дел од проектот „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција МаргиниНационална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство во рамки на Регионалната програма на Европската Унија, UN Women Skopje и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости