Презентација на УПП за насилство врз жени и деца на 55-та Сесија на Советот за човекови права во Женева

Од 26-ти Февруари до 5-ти Април во Женева во канцелариите на Обединетите Нации се одржа 55-тата Сесија на Советот за човекови права.

Елена Димушевска, Извршната директорка на Националната мрежа учествуваше како панелистка на овој настан и го презентираше придонесот на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на човековите права, со фокус на насилство врз жени и деца за Северна Македонија. Имено, тимот на Мрежата подготви краток придонес со поддршка на Институтот за Европска Политика (ЕПИ) Скопје, по што на покана на Advocates for Human Rights, истиот беше доработен и проширен и доставен до Канцеларијата на Високиот комисионер за човекови права.

Димушевска,  која го подготви извештајот учествуваше на повеќе состаноци со претставници на ООН каде се презентираше овој извештај. Имено, заедно со Advocates for Human Rights, Стефани Футер-Орел од WAVE Network (Жените против насилството во Европа), Сузана Павлу, од Медитеранскиот институт за Родови студии и младите активисти Елиф Озтурк и Луиз Розенбаум, учествуваа на повеќе состаноци и настани, меѓу кои 55-та сесија на Советот за човекови права. Сесијата се одржа токму на 8ми Март, каде што се прослави Меѓународниот ден на жената, дополнето со лични видео пораки од претставничките. Тие исто така учествуваа на брифинзи со независни експерти на Комитетот за човекови прави на ООН, како и Комитетот на ООН за економски, социјални и културни права, потоа состаноци со делегати на Советот за човекови права како и Специјалниот известувач за мигранти и Работната група за дискриминација на жените. Advocates for Human Rights и партнерите презентираа родова анализа на прашањата за човековите права во Авганистан, Кипар, Еритреја, Северна Македонија, Обединетото Кралство, Виетнам и Јемен.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на