Презентација на наоди од ,,Втор извештај за напредокот на Република Северна Македонија при спроведување на активностите предвидени во Националниот Акциски План (2018-2023) за имплементација на Истанбулската Конвенција

На ден 11.11.2021 година преку платформата ЗООМ се одржа презентација на Вториот  извештај за напредокот на Република Северна Македонија при спроведување на активностите предвидени во Националниот Акциски План (2018-2023) за имплементација на Истанбулската Конвенција.

Извештајот е продолжение од претходниот двегодишен извештај,  и го опфаќа периодот од ноември 2020 година до 31-ви мај 2021 година.

Главните наоди од спроведениот мониторинг се дека промените одат бавно, односно поголемиот дел од добиените одговорите се однесуваат на активности кои веќе се реализирале во предходниот период кој беше опфатен со првиот извештај.  

Во однос на ЦЕЛ 1 – Усогласување на законската рамка со одредбите на Истанбулската коневција, единствен напредок е донесувањето на новиот Закон за спречување  и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, процес кој траеше повеќе од година и пол,  и во кој голема улога имаат претставниците од граѓанските организации кои беа дел од работната група и активно беа вклучени во подготовката на овој закон. Легислативата останува како отворен простор во кој треба да се направат клучните измени за успешно да се имплементира Истанбулската Конвенција посебно во делот на измените на Кривичниот Законик, Законот за кривична постапка и Законот за семејство.

Понатаму, поголемиот дел од подзаконски акти/стандарди/правилници/анализи кои е планирано да се изработат и да бидат основа за спроведување и исполнување на активностите од ЦЕЛ 2 – Воспоставување на општи и специјализирани сервиси за унапредување на заштитата на жртвите на родово базирано и семејно насилство се уште се во нацрт верзии или се изработуваат во формираните работни групи.

ЦЕЛ 3 – Спроведување на активности за превенција од родово базирано и семејно насилство и на најзагрижувачно ниво. Имено поголемиот дел од активностите не се ни започнати да се спроведуваат, а она што е спроведено е минимално и ад хок. Нема континуитет во спроведување на активностите за превенција. 

Овој извештај ги опфаќа и спроведените активности од страна на Единиците на локалната самоуправа во делот Превенција за период од усвојувањето на НАП-от октомври 2018 година заклучно до мај 2021 година. Генералните заклучоци се дека голем број од општините не покажаа заинтересираност на оваа проблематика и воопшто не одговорија на испратеното барање за пристап до информации од јавен карактер. На локално ниво процесите се одвиваат уште побавно. Загрижува и податокот дека кај поголемиот број на општини кои воопшто не ни одговорија на барањата или ги дадоа своите одговори со кратко НЕ се општини кои ги опфаќаат руралните подрачја во Државата.

Понатаму, донесените програми и Стратегии за остварување на оваа цел се без конкретни акциски планови како истите ќе се реализираат согласно поставените индикатори во НАП-от.  Од тука една од препораките е потребата од редовен внатрешен мониторинг во самите општини, како и целосно активирање на сите комисии за еднакви можност е клучна во следењето на активностите и нивно правилно спроведување. Општините се на прва линија на достапност и место за поддршка и споделување на информациите до граѓаните кои живеат во нив. Затоа една од клучните улоги во превенцијата ги имаат самите тие.

Главната препорака од овој Извештај останува иста како и од Првиот извештај ИТНО ревидирање на НАП-от со оглед на тоа што по скоро 3 години кај сите предвидени активности роковите за нивна реализација се пробиени.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости