Презентација на наоди од тематски извештај: „Зависности, семејно насилство и привремена мерка за заштита од родово базирано и семејно насилство“

Денес се одржа онлајн презентација на наодите од тематскиот извештај на тема „Зависности, семејно насислство и привремена мерка за заштита од родово базирано и семејно насилство- Задолжително лекување на сторителот доколку употребува алкохол, дрога и други психотропни супстанци или има психичко заболување. “

Иако прашањата за родово базираното насилство и за зависностите засебно сè почесто се отвораат и се препознаваат како проблем на индивидуално и општествено ниво, досега во нашата држава не било спроведено истражување кое се фокусира на овие два феномени заедно. Покрај актуелизирањето на овие две теми, сè уште постои и општествената стигма кога се зборува за родово базирано насилство и кога се зборува за зависности.

Извештајот опфаќа анализа на поврзаноста на болестите на зависност со родово базираното насилство, со специфичен фокус на привремената мерка за заштита – задолжително лекување. Целта на ова истражување е да даде увид во тоа каква е состојбата со болестите на зависност со фокус на градот Скопје, во изминативе три години, да објасни како привремената мерка за заштита се изрекува и спроведува во пракса и дали ги дава очекуваните резултати, но и да даде увид во субјективната перцепција и искуствата на жените жртви на насилство од сторител – зависник.

Клучните наоди покажуваат  дека главен недостаток во третманот на зависници кои се и сторители на насилство е недоволна соработка и координација меѓу здравството, локалната самоуправа, центрите за социјална работа и судовите. Дополнително, како предизвик е истакнато и тоа дека по завршувањето на лекувањето, сторителите се оставени ,,сами на себе’’, односно не постои одговорна институција или организација која што ги следи.

Извештајот во целот можете да го прочитате тука.

Спроведувањето на оваа активност е во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“(The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

„Под површината: неистражени аспекти на родово базираното насилство“, настан за промоција на тематски извештаи

Настанот се одржа на 24.09.2024г. на кој преку 2 панел-дискусии на различни теми се презентираа 2 тематски извештаи. На првиот панел „Заштита на сексуалната приватност

Со собрани 118 600 денари, Халкбанк реализираше повторна, втора по ред донација за Интервентниот женски фонд за директна поддршка на женската независност

Втора година по ред, Халкбанк директно ги донираше сите средства собрани од продажната изложба и онлајн продажбата на „Фустани со џебови 2.0“, која се одвиваше