Националната мрежа, ги повикува сите средношколки, заинтересирани да научат повеќе за родовата рамноправност, родовите улоги, стереотипи, предрасуди и родово базирано насилство да се пријават на школата за женски активизам.
Школата за женски активизам ќе се содржи од два дела:
1.Теоретски и интерактивни работилници
2.Спроведување иницијатива за унапредување на родовата рамноправност на територија на општина Центар
Теоретските и интерактивните работилници ќе бидат на темите: родова рамноправност и родово базирано насилство, а по завршување на теоретскиот дел од школата за женски активизам, учесничките, под менторство на тимот на Националната мрежа, ќе имаат можност да развијат и спроведат иницијатива за родов проблем, кој најмногу ги инспирира и поттикнува. Работилниците од школата ќе се одвиваат во секоја сабота од месец октомври, а иницијативите ќе се подготвуваат и спроведуваат во месец ноември и декември.
На крајот на школата учесничките ќе добијат и сертификат за активно учество.
Ги охрабруваме сите заинтересирани средношколки (на возраст од 15 до 18 години) кои сакаат да го унапредат своето знаење и сите они кои сакаат со своите идеи да придонесат кон намалување на родовите стеротипи кои секојдневно ги среќаваме низ нашиот град, најдоцна до 10 октомври 2018, да испратат CV и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk
Или пак пополнете апликација на кликнувајќи тука.
За дополнителни информации, можете да се обратите на горенаведената е-маил адреса.




