Повик за учество на работилници за професионално усовршување

Продолжуваме со организирање на работилници за јакнење на животни и работни вештини. На работилниците може да се пријават сите заинтересирани жени и девојки кои сакаат да научат нови вештини и техники, да се здобијат со нови знаења и искуства, а кои што ќе им помогнат да станат покункурентни на пазарот на труд и професионално да се развиваат.   

Обуките ќе ги води Катерина Златановска Попова, советничка за кариера, тренер за меки вештини, тренер на Point of you и консултантка за човечки ресурси за компетентност.

За да се пријавите на работилниците доволно е да ни го напишете името и презимето, и контакт телефон на: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до петок, 13.05.2022г. со назнака: Учество на работилници за професионално усовршување.

За сите дополнителни информации може да не побарате на: 075/255-154.

Теми кои ќе бидат опфатени преку три работилници се:

  • Прилагодливост и справување со промени
  • Емоционална интелигенција – рамнотежа меѓу приватниот живот и работата
  • Женско претприемништво – како да започнам?

Работилница на тема „Прилагодливост и справување со промени“, 14.05.2022 г. (сабота)

Зошто се плашиме од промени?

Зошто постои отпор кон секаква форма на промена и како истиот полесно да го надминеме?

Прилагодливоста е вештина која се покажа како неопходна во изминатите две години на светска пандемија. Како да ја зајакнеме, како да станеме посилни и поотпорни со ситуациите и состојбите кои ни ги носи животот во пресрет?

За време на обуката ќе имате можност да добиете одговори на овие прашања и да работите на:

  • практични индивидуални и групни вежби,
  • искуствени нови увиди,
  • дискусија и примена на алатките со кои ќе можете да ја подобрите својата прилагодливост и полесно ќе се справувате со отпорот кон промените.

Оваа обука е создадена да Ви овозможи да се стекнете со водич за справување со животните предизвици, неволји и кризи. Ќе добиете 20 совети како да ја зајакнете својата прилагодливост и полесно да се справувате со промените, било во приватниот било во професионалниот живот.

По завршување на обуката ќе се стекнете со:

  • поголема свесност за својата резилиентност и прилагодливост,
  • ќе добиете јасни техники како да бидете поприлагодливи и како полесно да ги прифатите промените,
  • 20 совети како да ја изградите и да ја одржувате својата резилиентност и прилагодливост,
  • применливи алатки кои веднаш ќе може да ги ставите во пракса.

Работилница на тема „Емоционална интелигенција – рамнотежа меѓу приватниот живот и работата“, 21.05.2022 г. (сабота)

Кога станува збор за среќа и успех во животот, емоционалната интелигенција (EQ) е клучот за градење на силни релации и постигнување на личните цели.

Што поточно претставува емоционалната интелигенција?

Како да развиете вештини за активно слушање, емпатија, комуникација и справување со конфликти?

Кои се придобивките од градење на емоционалната интелигенција во приватниот и професионалниот живот?

Како емоционалната интелигенција може да ви помогне да воспоставите подобра рамнотежа во вашиот живот и да го одржите менталното здравје?

За време на обуката ќе имате можност да добиете одговори на овие прашања и да работите на:

  • практични индивидуални и групни вежби,
  • искуствени нови увиди,
  • дискусија и примена на алатките со кои ќе можете да ја подобрите својата свесност за себе и за другите и полесно да градите релации.

Научете како да ги разберете, користите и како да ги контролирате своите емоции и како да се ослободите од стресот, да ги надминете полесно предизвиците и конфликтите и  ефективно да комуницирате и подобро да ги разберете другите.

По завршување на обуката ќе се стекнете со:

  • поголема свесност за себе и своите силни страни и слабости,
  • вештина за активно слушање и градење на емпатија,
  • техники како да ја подобрите својата комуникација со другите и да се справите со конфликтите,

Нешто повеќе за „Женско претприемништво – како да започнам“? , 28.05.2022 г. (сабота)

Кои се предностите, можностите и предизвиците со кои се соочуваат жените кои сакаат да отпочнат свој бизнис?

Како да процените колку вашата идеја вреди да прерасне во бизнис?

Зошто вредностите се важни за бизнисот?

Како да развиете бизнис план и да обезбедите финасиска поддршка?

За време на обуката ќе имате можност да добиете одговори на овие прашања и да работите на:

  • Идентификување на личните и професионалните вредности,
  • Отпочнување на развој на  бизнис план.

Научете како својата идеја да ја претворите во одржлив бизнис. Откријте ги најдобрите практики на успешни жени претприемачи.

По завршување на обуката ќе се стекнете со:

  • Знаење за чекорите потребни за отпочнување на бизнис,
  • Основно познавање за бизнис модел CANVAS,
  • Информации како да обезбедите финасии за својата бизнис идеја.

Работилниците се спроведуваат во рамки на проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“,  финансиски подржан од Балкански фонд за демократија, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости