Повик за учество на обука за „Креативно размислување (Out of the Box) и решавање на проблеми“

Започнуваме со организирање циклус на работилници за јакнење на работни вештини кај жените кои имаат потреба од овој вид на поддршка. Циклусот е составен од пет работилници на различни теми, а сите заинтересирани жени и девојки можат да се пријаваат и да учествуваат на онаа работилница која најмногу им одговара.

Теми кои ќе бидат опфатени:

  1. Креативно мислење – Out of the box – Решавање на проблеми
  2. Критичко мислење и решавање на проблеми
  3. Прилагодливост и справување со промени
  4. Емоционална интелигенција – рамнотежа меѓу приватниот живот и работата
  5. Програма за женско претприемништво – како да започнам?

Работилниците ќе се оддржуваат во сабота во времетраење од 6 часа.

Првата работилница е закажана за оваа сабота , 09.04.22г. со почеток во 10.00 часот.

Нешто повеќе за Креативно размислување (Out of Box) и решавањето на проблеми

Отворете го својот ум и пристапувајте им на решенијата на поинаков начин

Што попрецизно значи out of the box размислување?

Зошто креативното размислување се смета за една од клучна вештина за човештвото во 21 век?

Кои се клучните карактеристики?

Како овој пристап кон решавање на проблемите ќе Ви помогне да имате предност пред Вештачката интелигенција?

За време на 6 часовната обука ќе имате можност да добиете одговори на овие прашања и да работите на:

  • практични индивидуални и групни вежби,
  • реални студии на случај за примена на алатките кога се работи за решавање на проблемите.

Цели: Оваа обука е создадена да Ви овозможи практични и применливи вештини како во приватниот живот така  и во вашата организација, било да работите самостојно или во тим. Научете едноставни техники, чекори и процеси надвор од границите и ограничувањата, практични алатки за секојдневна употреба.

По завршување на обуката ќе се стекнете со:

  • поголема свесност за моќта на отворениот ум,
  • ќе добиете јасни техники како да развивате различен пристап кон проблемите и,
  • применливи алатки кои веднаш ќе може да ги ставите во пракса.

Обуката ќе ја води Катерина Златановска Попова, советничка за кариера, тренер за меки вештини, тренер на Point of you и консултантка за човечки ресурси за компетентност.

За да се пријавите на работилницата доволно е да ни го напишете името и презимето, и контакт телефон на: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до петок, 08.04.2022година со назнака: Учество на работилница за Креативно размислување и решавање на проблеми.

За сите дополнителни информации може да не побарате на: 075/255-154.

Оваа активност е дел од проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“, финансиски подржан од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости