Повик за ангажирање лице за изработка Програма за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство во Тиквешкиот регион

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, во рамки на проектот ,,Застапување за обезбедување на адекватна помош и поддршка на жени жртви на насилство и семејно насилство во Тиквешкиот регион” на ден 26.04.2023г., објавува јавен повик за ангажирање лице за изработка на Програма за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени жртви  на родово базирано и семејно насилство во Тиквешкиот регион.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ПОВИКОТ?

Целта на повикот е ангажирање лице кое ќе изработи Програма за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени жртви  на родово базирано и семејно насилство во Тиквешкиот регион. Подготвената програма ќе придонесе кон подобрување на постоечкиот систем на заштита и поддршка на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство.

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

Ангажираното лице ќе биде одговорно за:

  • Подготовка на нацрт Програма за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени жртви;
  • Консултации со тимот на Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци и со тимот на извршната канцеларија на Националната Мрежа против насилство врз жени и семејно насилство;
  • Присуство и презентирање на изработената нацрт програма на консултативни средби со релевантни чинители, организирани од ЗРЕ „Визија“;
  • Вклучување на коментарите и финализирање на програмата;
  • Присуство на настан за презентација на финалната програма.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидатки:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации;
  • Работно искуство со граѓански организации кои работат во областа на родово базирано и семејното насилство и /или на прашања поврзани со родово базирано и семејно насилство ќе се смета како предност;
  • Претходно искуство во изработување на програми од областа на социјална заштита, со фокус на родово базирано и семејно насилство;
  • Претходно искуство во соработка со релевантни институции на локалната самоуправа;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Ги повикуваме и охрабруваме сите лица кои се мотивирани и имаат соодветно знаење и искуство во изработување на програми од ваков вид, сакаат активно да се вклучат и да придонесат кон подобрувањето на заштитата и поддршката на жените кои преживеале некаква форма на родово базирано насилство да се пријават на овој повик.

Избраното лице потребно е да се согласува и да ја подржува мисијата и визијата на Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци и на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

НАДОМЕСТОК И ВРЕМЕНСКА РАМКА

За изработката на Програмата за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, ќе биде ангажирано едно лице за кое е предвиден паричен надоместок во бруто износ од 45.000,00 денари. 

Временската рамка за подготовка на програмата е 60 дена од денот на потпишување на договорот за ангажирање, а најдоцна до 15ти јули, 2023 година.

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Рок за поднесување на апликации е до 09.05.2023 година.

Документи за аплицирање за овој повик се следниве:

  • Кратка биографија (на македонски јазик);
  • Листа со линкови од изработени документи (доколку не постои линк, изработениот документ да се испрати како пропратен документ).

Потребната документација треба да се испрати електронски на zrevizijakavadarci@yahoo.com

За сите дополнителни прашања можете да ни пишете на zrevizijakavadarci@yahoo.com

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости