На 04-ти Декември по своја иницијатива, Нејзината Екселенција, Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, го посети Женски Центар за поддршка – Скопје и ја изрази посветеноста на Американската амбасада во борбата против насилство врз жените и семејното насилство.
Амбасадорката Агелер ја истакна исклучителната важност на работата на Националната мрежа, особено во обезбедувањето на директни специјализирани услуги за жените жртви и нивните деца. Таа ја нагласи и важноста од реинтеграцијата и економското јакнење на жените кон целосна независност, како и живот без насилство. Особено сме благодарни на Амбасадорката и на Амбасадата на САД во Северна Македонија за целокупната поддршка која ја обезбедуваат за Националната мрежа и заложбите за заеднички напори кон подобрувањето на состојбата со родово базираното и семејното насилство.







