Појадок со новинари – Работна средба со медиумските работници

Во Октомври  се одржа работна средба насловена како „Појадок со новинари“ чија цел беше да се зборува за состојбата со родовата еднаквост во државата и како медиумите можат да ги поддржат активностите на граѓанските организации на оваа тема.

Дополнително, на средбата беше презентирана и нацрт кампања фокусирана на унапредување на родовата еднаквост, под наслов „Еднакви пати, заедничка цел“.

Присутните новинарки дадоа свој осврт на случувањата со родовата еднаквост и родово базираното насилство во државата, и споделија со какви предизвици се соочуваат во нивната работа. Дискутиравме како можеме заеднички да си помогнеме во пренесување на точните информации до јавноста.

Заклучивме дека иако на глобално и национално ниво има унапредување на родовата еднаквост, сè уште постојат предизвици кои треба да се надминат за да се обезбеди целосна еднаквост и заштита на правата на жените. Поради тоа, постоењето за кампањи кои ќе придонесат дон подобрување на состојби е од исклучително значење.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската