Поддршка на Интервентниот женски фонд од АД Осигурување Македонија Скопје

Со огромно задоволство и благодарност, ја споделуваме веста за добиената финансиска донација направена од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, во нашиот Интервентен женски Фонд.

Оваа вредна донација, во износ од 120.000 денари, директно ќе им помогне на жените кои се жртви на насилство и кои се соочуваат со тешкотиите да ја напуштат насилната средина. Преку Интервентниот женски фонд, со кој раководи Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, ги поддржуваме и им овозможуваме на  жените жртви на насилство  да ги остварат своите права и да ги зголемат своите можности како и да ги искористат своите потенцијални, сè со цел напуштање на насилната средина и остварување на еден подобар, посигурен живот за нив и нивните најблиски.

Оваа донација има големо значење и влијание во нашата заедница. Секој ден, тие парични средства претставуваат надеж и поддршка за оние кои ги употребуваат најмногу. Со секоја донација, правиме разлика во животите на многу жени и семејства.

Сакаме да ја изразиме уште еднаш нашата најискрена благодарност до АД Македонија осигурување Скопје што ја препозна нашата работа и ни ја даде потребната доверба. Благодарение на ваквите компании ние можеме да продолжиме да ја правиме разликата и да ги поддржуваме жените жртви на насилство во нивната борба за сигурност, достоинство и слобода.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската