Почнување со употреба на нокшир

Во првите години од родителството, најголема мистерија за мене беше како се почнува со употреба на нокшир. Како детето ќе сфати дека треба да користи нокшир? Спонтано ли ќе му дојде промената и потребата? Јас ли трeба да го припремам, учам? Треба ли припрема или да се пресече? Која е соодветна возраст? До кога ќе носи пелени?

На Линијата за родители повторно слушнав како родителите ги поставуваат овие прашања. Повелете одговор на некои од овие прашања….

Искуството кажува дека децата почнуваат да користат нокшир кога се тие спремни за тој чекор. Секое дете има свој ритам. Не постои точно одередена возраст кога децата престануваат да користат пелени и почнуваат да користат нокшир. Помалку деца ја совладуваат оваа вештина пред осумнаесеттиот месец, додека некои пак, успеваат до четвртата година. Секако почекајте додека детето наполни две и половина години за да вие почнете да го навикнувате на употреба на нокшир. Сепак, наместо да размислувате за возраста, следете ги знаците кои укажуваат дека вашето дете можеби е подготвено да почне со користење на нокшир, како на пример да може:

  • Да следи едноставни упатства,
  • Да разбира и користи зборови за користење на нокшир,
  • Да направи врска помеѓу нагонот за мочање или какање и користењето на нокширот,
  • Повеќе од два часа да носи пелена, а таа да остане сува,
  • Да оди до нокширот, да седи на него доволно време и потоа да стане од него,
  • Да ги извади пелените,
  • Да покаже интерес за користење на нокшир.

На децата, за совладување на оваа вештина, да ја поврзе физичката сензација со потребата да оди на нокшир, потребна им е како физичка, така и емотивна спремност. Поради тоа имајте го на ум и следново:

  • Обидете се да не ја нагласувате целата ситуација;
  • Имајте доверба во детето, покажете ја;
  • Како детето созрева, дозволете му да ви помогне во пресоблекувањето, така што ќе му дадете тоа да држи некои работи, како чиста пелена или да ја рашири простирката за пресоблекување;
  • Бидете ведри додека го вежбате користењето на нокшир. Можете да вежбате со тоа што ќе купите нокшир и да го ставите да седи на него додека сака, а да не прави ништо; можеби ќе му се допадне да има книги околу нокширот. Потоа, доколку имате двор, пуштете го детето да си игра голо и кога ќе забележите дека ќе почне да мочка, дајте му го нокширот.
  • Избегнувајте награди и пофалби како лепење ѕвездички во табела или давање слатки, бидејќи наградите можат да станат поважни од учењето на однесување кое е општествено пожелно. Наместо тоа охрабрувајте ги и гушкајте ги!

Како и со сите вештини кои ги совладува вашето дете, така и со оваа ќе има незгоди и непосакувани ситуации. Доколку во тие моменти се однесувате смирено, помали се можностите да дојде до судир на моќ, отпор и одбивање на соработка. Немојте да го посрамувате и понижувате детето доколку му се случи незгода! Немојте да му ги враќате пелените! Едноставно помогнете му да биде чисто, на пример кажете: „Во ред е. Продолжи да се обидуваш. Знам дека наскоро ќе успееш.“

Со тек на време, со поддршка, помош, доверба и трпение од страна на родителите, детето неосетно ќе ја совлада и оваа вештина – свесна контрола на овие физиолошки функции на организмот (мочкање и какање).

Тања Марициќ, социјален работник и Супервизор на Линијата за родители
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Платформа за родова еднаквост: Правото на здравје значи и пристап до легален абортус – и не смее да трпи поради економската криза

Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација – ова е барањето што денес,