Платформа за родова еднаквост: Правото на здравје значи и пристап до легален абортус – и не смее да трпи поради економската криза

Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација – ова е барањето што денес, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот. По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот до услуги за репродуктивно здравје мора да биде гарантиран, дури и во услови на криза.

Ова е особено важно ако се земат предвид економската и воената криза кои директно влијаат на финансиската и социјалната стабилност, а со тоа и на добросостојбата на луѓето низ светот, па и во земјава. Иако постојниот закон за прекинување на бременоста во Македонија е полиберален од претходниот, тој сепак не предвидува покривање на трошоците доколку оваа здравствена услуга се бара поради социјални или материјални причини. Третирајќи го абортусот како есенцијална здравствена услуга само кога постои медицинска причина, Фондот за здравствено осигурување и останатите надлежни институции ги доведуваат во безизлезна ситуација жените кои не сакаат да ја продолжат бременоста и кои се во социјален ризик или живеат во сиромаштија.

За неполна година, цените за абортус во приватните болници во Македонија двојно се зголемија и сега оваа услуга чини 350-400 евра. Дополнително, медикаментозниот абортус (абортус со лекови), кој е побезбедна и поевтина опција од хируршкиот метод, е достапен само на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, но не постојано поради дисконтинуитет во испораката на потребните лекови. Жените од другите градови, пак, ја немаат оваа алтернатива не само поради недостапните лекови, туку и поради недоволно обучениот кадар во локалните државни болници. 

Оттука, Платформата за родова еднаквост апелира надлежните институции во земјава да ја препознаат потребата на сиромашните и маргинализираните жени за абортус и да овозможат финансиски достапни цени за оваа есенцијална здравствена услуга, особено во време на криза. Во спротивно, државата директно (ќе) ги турка жените во уште поголема сиромаштија и во социјална небезбедност, а не е исклучено и дека ќе ги присили да побараат поевтини нелегални опции за абортус, со што директно би биле загрозени нивното здравје и добросостојбата на нивните најблиски.  

Организации-членки на Платформата за родова еднаквост:

  1. Tiiiit! Inc.
  2. Бори се женски
  3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  4. Здружение женски форум
  5. Здружение за еднакви можности Семпер
  6. Здружение за локален рурален развој
  7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
  8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
  9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
  10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС
  11. Институтот за општествени и хуманистички науки          
  12. Коалиција Маргини
  13. ЛезФем
  14. Мрежа за заштита од дискриминација
  15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  16. Националниот совет за родова рамноправност
  17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
  18. Организација на жените на општина Свети Николе
  19. Организација на жените “Кумановка“
  20. Реактор – Истражување во акција
  21. Рурална Коалиција
  22. Стела
  23. ТАКТ
  24. Хелсиншки комитет за човекови права
  25. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
  28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во