Панел дискусија: “Важноста на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата”

Во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола, на 20-ти ноември 2023г. се одржа значајна панел дискусија под наслов “Важноста на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата”. Оваа важна и актуелна тема привлече внимание и учество на многу академски и професионални експерти, како и на претставници од граѓанските организации и институциите.

Во првиот дел се промовираше Тематски извештај “Тивкиот терор што не познава граници”-Препознавање на демнењето како посебен вид насилство врз жени и девојчиња во РСМ и потреба  од стратегии за превенција и интервенција кој го подготви нашата млада истражувачка  Милена Спасовска во рамките на проектот ,,На пат кон ЕУ: Спречување на насилствотов врз жените во Република Северна Македонија финансиски поддржано од Kvinna till Kvinna Fondation. Авторката во текот на дискусијата ја истакна важноста на препознавањето на демнењето како посебен вид насилство врз жени и девојчиња во во нашата Држава, а и пошироко. Соработничка на овој извештај беше Марија Гроздановска која ја презентираше и компаративната правна легислатива од други земји во регионот ио пошироко. Посебно се разговараше за потребата од разработка на стратегии за превенција и интервенција, како и за подигнување на јавната свест за ова ново кривично дело.

Вториот дел беше посветен на разговор за важноста на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата. Панелистките изнесоа различни гледишта и искуства, образложувајќи го значењето на родовата еднаквост во превенцијата на насилството и создавањето на услови за заштита на жртвите. Се дискутираше за значењето на женската сиромаштија, за пристапот до права и услуги на жените земјоделки, за родовиот јаз во платите како и за моделот на сексуалното сеопфатно образование. Погледите се насочени кон неопходноста од смело и решително дејство на сите нивоа на општеството за постигнување на вистинска родова еднаквост.

Извештајот е достапен на следниот линк.

Вториот дел беше посветен на разговор за важноста на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата. Панелистите изнесоа различни гледишта и искуства, образложувајќи го значењето на родовата еднаквост во превенцијата на насилството и создавањето на услови за заштита на жртвите. Се дискутираше за значењето на женската сиромаштија, за пристапото до права и услуги на жените земјоделки, за родовиот јаз во платите како и за моделот на сексуалното сеопфатно образовани. Погледите се насочени кон неопходноста од смело и решително дејство на сите нивоа на општеството за постигнување на вистинска родова еднаквост. Оваа активност беше во рамките на Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

На крајот можеме да заклучиме дека родовата еднаквост е клучна во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Со обединувањето на експертите и само со заеднички активности, можеме да ја оствариме нашиот заеднички цел – општество кое го почитува и штити секој човек, без разлика на пол, раса или статус, вложувајќи ги сите реални заложби за постигнување на вистинска родова еднаквост и општество без насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на