Панел дискусија по повод одбележување на „ Меѓународен ден за борба против насилство врз жените

На 29 ноември во просториите на општина Кавадарци – собраниска сала се одржа панел дискусија по повод 25 ти ноември Меѓународен ден за борба против насилство врз жените и девојчињата во организација на Здружението за родова еднаквост „Визија“ Кавадарци (ЗРЕ Визија). На настанот присуствуваа претставници од општината, претставници од центрите за социјална работа, полиција, подрачната единици на Министерството за правда и претставници од здруженијата на граѓани.

Панелот го отвори Јоана Коцева, почесна Претседателка на ЗРЕ Визија Кавадарци.

Како панелисти беа поканети и говореа: Ана Аврамовска – Нушкова,  претставничка од Националната Мрежа која говореше за обврските на Државата кои произлегуваат од Истанбулската Конвенција како и принципот на должно внимание при постапување на институциите кога има случај на родово базирано насилство врз жени и семејно насилство. Понатаму, адвокатката Билјана Ташева говореше за новините кои се предвидени во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, а пратеничката Даниела Колева од Собранието на Република Северна Македонија даде сеопфатен осврт за процесот на донесување на новиот закон за родова еднаквост. По завршување на обраќањата на панелистите, се разви дискусија во присутните ги споделија своите размислувања и искуства на оваа тема.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“,  финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската