Панел дискусија на тема „Стоп на насилството врз жените СЕГА”

На 30 ноември, во хотел ,,Интернационал” во општина Велес, се оддржа панел дискусија организирана од Организација на жени на општина Велес и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Поканети беа претставници на Советот на општината, претставници на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, претставници од општина Градско, како и  претставници од центарот за социјална работа, СВР Велес, подрачната канцеларија на Министерството за правда, и претставници од средните училишта Коле Неделковски и Димитрија Чуповски.

Фокусот на дискусијата беше на стандардите и нормативите кои ги налага Истанбулската Конвенција во насока на подобри услуги за помош и поддршка на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Дополнително се разговараше за моменталната состојба со специјализираните сервиси, односно како да се унапреди пристапноста и обезбедување на квалитетна, соодветна и навремена помош и поддршка на сите оние на кои им е потребна, независно дали живеат во Велес или во околните општини во Вардарскиот плански регион.

На панелот беа споделени и  законските обврски кои единиците на локалната самоуправа ги имаат во согласност со новиот Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој стапи на сила во Мај, 2021 година.   

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“,  финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската