Панел дискусија на тема „Како државата ги заштитува жртвите на сексуално насилство и силување“

На 25 ноември, Меѓународниот ден за против насилство врз жените, ја започнавме кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“ со панел дискусија на тема „Како државата ги заштитува жртвите на сексуално насилство?“

Сексуалното насилство со сите свои облици, како една од формите на родово базирано насилство е едно од најмалку пријавуваните во нашата држава. Системот за заштита и поддршка на жртви, иако постоечки, многу често не успева да ја обезбеди потребната помош на оние кои ќе соберат храброст и ќе пријават, а другите ги обесхрабрува да го направат првиот чекор. Токму затоа, сексуалното насилство и потребните унапредувања на системот за заштита и поддршка на жртвите, се темата со која ја започнавме кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“.

Настанот се состоеше од 2 панел дискусии на кои ќе се дискутира за 2 важни прашања:

– Дали Центрите за жртви на сексуално насилство обезбедуваат заштита и поддршка за жртвите?

– Зошто се потребни итна измени на Кривичниот законик?

Говорнички на првиот панел беа Ина Џугуманова, авторка на тематскиот извештај „Ефикасноста во функционирањето на Центрите за упатување на жртви на сексуално насилство“, Снежана Ѓеоргиева Јанкова, Раководител на оддел за репродуктивна ендокринологија – УГАК Скопје, и Деспина Стојановска, Системски и семеен психотерапевт.

На вториот панел зборуваа  Ана Аврамоска Нушкова – правничка во Националната мрежа против насилство врз жени, Наташа Бошкова – адвокатка, Наташа Сарамандова – Јавна обвинителка и Арта Биљали Зендели – пратеничка во Собранието на Р. Северна Македонија.

Заклучокот беше дека е потребно итно ревидирање на Стандардната оперативна процедура (СОП) за Упатните центри за жртви на сексуално насилство и силување, и итно усвојување на измените на Кривичниот Законик согласно Истанбулската конвенција, со цел подобра заштита на жртвите на сексуално насилство и силување.

Извештајот во целост може да го погледнете на овој линк.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“(The Kvinna till Kvina Fondation).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската