Пандемијата го уназади тоа што беше постигнато во борбата против насилството врз жените

Унапредувањето на системот на заштита на жените и децата, жртви на насилство се движеше во позитивна насока во периодот по ратификацијата на Конвенцијата од Истанбул, а во 2018 и 2019 година беше подготвен и националниот акциски план за усогласување со истанбулската конвенција. За жал, со почетокот на пандемијата, ситуацијата е уназадена, бидејќи фокусот на сите надлежни институции, Министерството за труд и социјала, Министерството за здравство и другите беше насочен кон справувањето со предизвиците кои произлегоа од појавата на Ковид-19, смета Елена Димушевска, извршна директорка на „Глас против насилство“ – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

„И по сите наши апели и барања до институциите да не ја забораваат оваа ранлива категорија за која пандемијата го зголеми ризикот за нивното здравје и безбедност, поради карантините, полициските часови и другите мерки, за жал нивниот одговор беше многу слаб и недоволен. Не се подобри одговорот на институциите ниту кога се пријавува насилство и да се врати барем на она што беше претходно. Националниот акциски план беше усвоен и почна да се имплементира, но како што почна пандемијата, речиси ниту една активност не е завршена од оние кои што беа предвидени во овој рок, а и оние кои се работат течат многу бавно.

Преземено од: Слободен печат/ Утрински брифинг

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост бара да престане праксата на правосудството на погрешното третирање на семејното насилство

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, које е жртва на семејно

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена