25.10.2011: Одржана обука за „Лобирање и застапување за унапредување на политиките и институционалниот одговор на родово базираното насилство“

Во рамки на Заедничката програмата на Агенциите на ОН за превенција на  семејно насилство, со подршка од UN WOMEN во рамки на  проектот „Зајакнување на капацитетите на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“, Организацијата на жените на општина Свети Николе организираше   тродневна обука на тема „Застапување и лобирање за унапредување на политиките и институционалниот одговор на родово базирано насилство“. Обуката се одржа на 19, 20 и 21 Октомври во хотел Романтик, Велес.

Целта на обуката е да се надоградат знаењата и вештините на организациите членки на Националната Мрежа против Насилство врз Жените и Семејно Насилство  за алатките кои се користат во процесите на лобирање и застапување во насока на поуспешно водење на овие процеси и  постигнување промени во идентификуваните приоритетни области .

Предавачи на семинарот беа меѓународен експерт  г-ѓа Билјана Бранкович – Женска мрежа против насилство врз жените во Србија, која  одржа серија тематски работилници поврзани со застапување за унапредување на политиките во областа на насилството врз жената, со посебен фокус на Конвенцијата на Советот на Европа за борба и спречување на насилство врз жената и семејното насилство.

Национиот експерт  проф. Стојанка Мирчева  даде осврт на Националната легислатива и нејзиното усогласување со одредбите на Конвенцијата на Советот на Европа и ЕУ стандардите и локалниот  консултант  г-ѓа Лујза Бојчова говореше на тема  запознавање со техники и алатки за застапување од страна на граѓанското општество.

На семинарот беа присутни 19 претставнички од организациите членки на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Реакција на Платформата за родова еднаквост Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле

Апелациониот суд Гостивар итно да донесе судска пресуда со која ќе ја заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди сторителот на семејно насилство

Реакција на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост Граѓанските организации остро реагираат на