Обуки за медиумски професионалци за родово сензитивно известување, со аспекти на родово базирано насилство (РБН) и маргинализирани групи, правна регулатива и механизам за заштита од РБН, како и техники на известување во случаи на РБН

Во месец март започнавме со организирање и спроведување на  обуки за надградување на знаењата и вештините на медиумските работници во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојки.

Обуките по својот концепт се уникатни и се реализират согласно претходно создадени специјализирани Модули за оваа намена, а ги опфаќаат областите: Родово базирано насилство и маргинализирани групи на жени, Национална легислатива и систем на заштита и Техники на известување за родово базираното насилство. Истите се реализираат во времетраење од три дена и за секој ден е предвидена посебна област за надградување на знаењата на учесниците. Обуките се спроведуваат преку онлајн платформата Зоом, и покриваат учесници на национално ниво. Првите два циклуси, во март и април се предвидени за медиумските работници од Скопскиот регион, а додека другите два циклуси во април и мај ќе се одржат за медиумските работници од другите градови.

На обуките покрај медиумски професионалци од сите видови на медиуми (онлајн, телевизии, печатени), поканети се и лица од граѓански организации кои работат во комуникации, лица кои работат во областа на родово базирано насилство и родова еднаквост од јавни институции, студенти на новинарство, фриленс новинари.

Обуките се дел од проектот „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција Маргини и Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија, UN Women Skopje и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости