Обуки за давателки на услуги во советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

Националната мрежа против насилство во текот на 2020 и 2021 година отвори 2 советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство: Женски центар за поддршка – Скопје и Женски центар за поддршка – Тетово. Преку локални активности за застапување, во 2022г. беа потпишани договори со локалните самоуправи за отворање на уште 2 советувалишта, во Битола и Кавадарци.

Со цел воспоставување на квалитетни услуги во советувалиштата, тимот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство спроведува тековни обуки за давателки на услуги кои се или ќе бидат ангажирани во советувалишта во 7 градови низ државата. До сега се спроведени  4 од 5 предвидени обуки, од кои првата беше 3дневна, по која следуваа три 2дневни обуки.

На 18 и 19 Јуни 2022г. се одржа третата 2дневна обука на која учествуваа 14 давателки на услуги од Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Велес, Радовиш и Куманово. На обуките се работи на усовршување на знаењата и вештините на давателките на услуги, пред сè за ефективна заштита на корисничките на центрите, како и ефикасна комуникација, работа во тим, соработка и упатување до релевантни институции, директна помош преку кризна интервенција, долгорочна поддршка и помош преку советување и психотерапија, обезбедување правна помош и поддршка како и насоки за целосно функционирање на советувалишните центри од аспект на раководење и обезбедување квалитетни услуги. На обуки учествуваат давателки на услуги кои се социјални работнички, правни советнички, психолози и психотерапевтки.

Оваа активност е дел од проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви ан РБН и СН“ подржан од Балканскиот Фонд за Демократија, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и