Обука на тема „Јакнење на капацитетите на женските граѓански организации за застапување на локално ниво

Со цел добивање на конкретни информации за потребите на локалните женски организации, спроведовме проценка на постоечките капацитети на локалните женски организации која што ги опфати просторните, техничките и човечките капацитети, како и капацитети за финансиско и целокупно водење на проекти.  Дополнително, процената ги вклучи и вештините и знаењата за застапување, како и обезбедување услуги за поддршка на жени и деца жртви на насилство од страна на локалните женски организации односно специфичните потреби на организациите за воспоставување и раководење со специјализирани услуги за жени жртви на насилство и нивните деца, како и процена на нивното познавање на стандардите за специјализирани услуги.

Врз основа на направената проценка, а со цел зајакнување на организациските капацитети, стратешко планирање активности и обезбедување на финансиски средства, како и  подобрување на  вештините за застапување преку спроведување заеднички акции за застапување и учење на позитивните аспекти на застапувањето засновано на аргументи, беше одржана првата тродневна обука од 27до 29 септември, 2021 година во хотел Бистра Маврово на тема „Јакнење на капацитетите на женските граѓански организации за застапување на локално ниво“. На обуката беа поканети и учествуваа претставнички од женски граѓански организации – членки на Националната мрежа, како и претставнички од женски организации кои не се членки на мрежата.

Опфатени беа теми од основи на застапувањето, видови и концепти на застапувањето, чекори во процесот на застапување, а како продукт беа изработени планови за застапување на локално ниво согласно поставените цели од страна на учесничките.   

Оваа обука е прва од обуките за зајакнување на капацитетите на локалните женски организации планирани во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости