Новогодишен базар за жртви на насилство и друга поддршка

За разлика од вообичаените донаторски акции кои ги организираат самите здруженија, овој пат две пријателки самостојно ѝ пристапија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство со понуда да организираат добротворен базар за накит, а заработката да ја донираат во Националната мрежа. Со помош од ЛК Светлина во Скопје, двете пријателки сакаа му дадат нов живот на својот стар накит, а притоа да ги израдуваат жените и децата кои биле жртви на насилство со новогодишни подароци.

На 14 декември, 2023 г. Новогодишниот базар за користен накит и други подароци помина во празнично расположение и со огромен успех. „Националната мрежа досега не била дел од ваква иницијатива. Иако во Интервентниот женски фонд сме добивале донации од физички лица, сепак не сме учествувале во настан за донирање организиран од индивидуалци, во случајов две прекрасни жени. Ваквите настани се многу значајни за нас, за подигнување на свеста на граѓаните за овој проблем од една страна, но и секако за обезбедување на потребната помош и поддршка за жртвите“, – вели Елена Димушевска, извршната директорка на Мрежата во изјава за МИА.

Од средствата собрани на Новогодишниот базар за користен накит, во договор со хуманите жени кои го организираа, Националната мрежа одлучи на корисничките на нашиот Женски Центар за поддршка – Скопје да им подари производи од два мали женски бизниси:

– Садница за зачински билки: производ од МаМаОргана, бизнис раководен од жена која го надминала семејното насилство и ова трауматично искуство го претворила во неверојатно инспиративна приказна.

– Природна, рачно изработена козметика: колекција од BLOOM, бизнис раководен од жени кои со својата декемвриска заработка поддржуваат дечиња од социјално загрозени семејства.

Со тоа, средствата собрани благодарение на дарежливоста на двете пријателки и сите посетители на базарот ги искористивме за поддршка на повеќе групи одеднаш – претприемачките, жените кои преживеале насилство и дечињата од социјално загрозени семејства.

Покрај ова, не ги заборавивме ниту дечињата на корисничките на нашите Женски центри за поддршка во Скопје и во Битола. Супермаркетот TINEX се одважи на нашиот повик за донации и ни подари новогодишни пакетчиња во доволен број за да не изоставиме ниту едно дете во процесот. Слатките подароци беа пречекани со радост, а ваквиот придонес беше гест на разбирање и поддршка што им ги разубави празниците на оние на кои им служиме.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на