НЛБ Банка донираше 30.000 евра за поддршка на жени жртви на насилство

Како дел од голема регионална донаторска акција на НЛБ Групацијата, НЛБ Банка АД Скопје донираше 150.000 евра на 5 граѓански организации и институции во износ од 30.000 евра за секоја донација.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е една од организациите која доби ваква донација наменета за Интервентниот женски фонд и Женскиот центар за поддршка. Добитниците беа избрани од вработените во Банката по пат на интерна анкета, препознаени како организации и институции кои носат позитивни промени и се силна поддршка во локалната заедница.

Досега, ова е најголемата донација во Националната мрежа и доаѓа во период кога е исклучително потребна како за Женскиот центар за поддршка, така и за сите сегашни и идни кориснички на Интервентниот женски фонд. Средствата од донацијата ќе се користат за непречено обезбедување специјализирани услуги за жените жртви на родово базирано и семејно насилство со цел целосна помош и поддршка во напуштање на насилната средина, и овозможување безбедна и сигурна иднина за живот без насилство за многу жени и деца.

Огромна благодарност до НЛБ Банка АД Скопје, пред сè, за препознавањето на Националната мрежа како една од клучните организации во борбата против насилство врз жените, но и за посветеноста на НЛБ Банка во создавање на подобра и одржлива иднина за сите граѓани. Со тоа, НЛБ Банка покажува вистински пример за општествена одговорност со високо развиена свест за солидарност, емпатија и хуманост.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Заканите по живот не се слобода на изразување! Солидарност со активистката и новинарката Рита Бехадини!

Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана.