Недела на застапување во Брисел

Од 13.11 до 19.11.2022 во Брисел се одржа Недела за застапување, на која женските организации од Западен Балкан ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат во своето работење и зборуваат за состојбата со родовата еднаквост и родово базираното насилство во своите земји. Повеќе од 20 претставнички од женски организации од 6 земји во Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија) земаа учество на овогодинешната Недела на застапување.

Земајќи ги во предвид статистиките, анализите и извештаите за состојбата со жените и девојчињата жртви на родово базирано и семејно насилство, како и наодите од извештајот за напредокот на Република Северна Македонија во спроведувањето на активностите предвидени во Националниот Акциски План за имплементација на Истанбулската Конвенција, претставнички од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство застапуваа пред европратеници, известувачи за ЕУ, како и пред други релевантни чинители чија работа придонесува за подобрување на правата на жените и на родовата рамноправност во процесите на пристапување во ЕУ. Една од организираните работи средби беше со Евиола Прифти и Виктор Тилеа кои работат во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, и се надлежни за следење на состојбата во Република Северна Македонија. На средбата беше презентирана состојбата во државата во однос на различните аспекти поврзани со родова еднаквост, правата на жените и родово базирано насилство.

Оваа активност е поддржана од подржана од Шведската Фондација Kvinna till Kvinna.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за вработување – Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на определено време во период од