Годината ја завршивме со најубавиот и најважниот настан – предновогодишната забава наменета за децата корисници на Женскиот центар за поддршка – Скопје. Овој настан изобилуваше со многу подароци, игри, едукативни содржини и експерименти, но највеже имаше насмевки и радост.
Забавата беше дополнета со интересни едукативни содржини. Дечињата имаа можност да учествуваат во различни експерименти кои ги поттикнаа на размислување и на учење преку игра. Овие активности не само што ги забавуваа, туку и ги едуцираа и ги инспирираа да продолжат да истражуваат и да учат нови нешта.
На крајот, насмевките на лицата на дечињата беа најголемата награда за сите нас. Ваквите настани ни покажуваат колку се важн најмалите и како преку заеднички напори можеме да создадеме среќни и незаборавни моменти за сите.
Посебна благодарност упатуваме до Tinker Labs Karpos за обезбедување одличен простор во нивниот едукативен центар, што овозможи успешна организација на овој настан. Исто така, голема благодарност до Animacija Bambino за волонтерот Дедо Мраз, кој со својата присутност донесе неизмерна радост кај дечињата.
Невозможно е да се заборави незаменливата Моника Чекаловиќ која и оваа година, како и секоја претходна, обезбеди донации од пакетчиња за сите дечиња, што внесе дополнителна среќа и радост во нивните срца.
Со најубави желби и искрени благодарности завршивме уште една успешна година. Среќни празници и нека ни биде уште подобра следната година, полна со уште повеќе радост и убави моменти!