Квалитетни услуги за реинтеграција на жени жртви на насилство – Регионален мрежен состанок на организации од Западен Балкан

Во период од 30-ти Мај до 03-ти Јуни 2022 година, се одржа регионален мрежен состанок на 6 женски организации од Западен Балкан кои во изминатите 2 години заеднички, но и локално во своите земји, работат на воспоставување квалитетни услуги за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство.

Во рамките на оваа заедничка акција се спроведоа национални и локални истражувања за достапноста на услуги за заштита и реинтеграција на жени жртви на насилство, потоа базични студии за задоволството на жени жртви на насилство како кориснички на услугите од Центрите за социјална работа, обуки и менторство на професионалци кои работат на родово базирано и семејно насилство, субгрантирање на локални женски организации, застапување до релевантните институции со цел институционализација на услуги за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви, како и неколку регионални документи објавени во текот на 2020 и 2021 година: Справување со насилство врз жените и семејно насилство во Западен Балкан за време и по здравствената криза со КОВИД-19, Документ за јавни политики социјални услуги за жени кои се справуваат со родово базирано насилство во Западен Балкан, како и Извештај за состојбата со фемициди на регионално ниво.

На состанокот беа презентирани постигнатите резултати на ниво на секоја држава, и беа договорени следните чекори и активности кои треба да се спроведат до крајот на 2022г. Воедно, беше договорено и продолжување на заедничките акции за воспоставување на услуги за заштита и реинтеграција во наредниот период во 2023 година. Овие акции на национално ниво ги спроведуваат Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во Северна Македонија , Автономен Женски центар во Србија), Центар за женски права во Црна Гора, Фондација Обединети Жени во Босна и Херцеговина, Косовската женска мрежа во Косово и, Албанската мрежа за јакнење на жени и Родовата алијанса за развој во Албанија.

Оваа активност е дел од дел од проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за преживеани од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската