На ден 03.11.2021 година во хотел Солун-Скопје се одржа првиот координативен состанок со петте избрани организации да бидат поддржани преку Програмата за финансиска поддршка на женски организации, женски неформални групи и иницијативи и индивидуалки.
СЕМПЕР од Битола, Организација на жени на Општина Велес, Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА од Кавадарци, Национален ромски центар од Куманово и КОРТЕКС од Тетово се организациите со кои тимот на Националната мрежа почна процес на заедничко застапување за воспоставување на специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство на локално ниво.
Во првиот дел од состанокот се дискутираше за иницијалните активности спроведени од почетокот на проектите, додека вториот дел беше посветен на предизвиците, планирање на следни чекори, иницијативи за застапување, финализирање и промоција на анализите кои треба да бидат подготвени и да ја претстават актуелната состојба со насилството врз жените на локално ниво.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.





