Здружението на психолози, советувачи и психотерапевти КОРТЕКС – Тетово, објавуваат Конкурс за ангажирање на социјална работничка или психолог во советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, Женски центар за поддршка – Тетово:
Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Универзитетска диплома од областа на социјална работа и заштита или психологија.
- Најмалку 2 години работно искуство со жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство;
- Најмалку 3 години искуство во граѓански сектор;
- Добро познавање на системот за социјална заштита;
- Одлично познавање на албански и македонски јазик;
- Добро изградени организациски и комуникациски вештини;
- Кандидатки кои се динамични, комумикативни, соработливи и самоиницијативи;
- Работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);
Предност ќе имаат кандидатките кои:
– имаат добро познавање на анлиски јазик;
– имаат практично искуство во работа со жени жртви на родово базирано и семејно насилство (вклучително и деца);
Опис на ангажманот:
- Координирање на работата на Женски центар за поддршка – Тетово: координација и организација на секојдневната работа на центарот, контакт со корисничките на услуги како и со останатите даватели на услуги во советувалиштето (социјална работничка, правна советничка, адвокатка, психолог- психотерапевт, кариерна советничка);
- Прием и процена на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
- Раководење со случаи на жртви на родово базирано и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
- Советување за остварување социјални права;
- Информирање за можностите за вработување, насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување, помош и поддршка со припрема на пропратни документи за вработување.
- Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.
- Секојдневни, тековни активности и работи во соработка со останатите членови на тимот на Кортекс.
Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден. Паричниот надоместок ќе биде договорен дополнително со избраната кандидатка.
Заинтересираните кандидатки треба да достават најдоцна до 30 Јуни 2025 г.
- Скенирана копија од дипломата за завршено образование;
- Кратка биографија;
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Координаторка – Тетово “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: cortex.ps.co@gmail.com.



