Конкурс за ангажирање Координаторка на Женски центар за поддршка – Тетово

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружение на психолози, советувачи и психотерапевти КОРТЕКС – Тетово, објавуваат Конкурс за ангажирање на Координаторка во советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, Женски центар за поддршка – Тетово:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • универзитетска диплома од областа на социјална работа/социјална политика, психологија или правни науки;
  • најмалку 2 години работно искуство со жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство;
  • најмалку 3 години искуство во граѓански сектор;
  • добро познавање на системот за социјална заштита;
  • одлично познавање на македонски јазик;
  • добро изградени организациски и комуникациски вештини;
  • кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;
  • работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

 Предност ќе имаат кандидатките кои:

– имаат добро познавање на албанскиот јазик;

–  имаат практично искуство во работа со жени жртви на родово базирано и семејно насилство (вклучително и деца);

Опис на ангажманот:

  • Координирање на работата на Женски центар за поддршка – Тетово: координација и организација на секојдневната работа на центарот, контакт со корисничките на услуги како и со останатите даватели на услуги во советувалиштето (социјална работничка, правна советничка, адвокатка, психолог- психотерапевт, кариерна советничка);
  • Прием и процена на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
  • Раководење со случаи на жртви на родово базирано и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
  • Советување за остварување социјални права;
  • Информирање за можностите за вработување, насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување, помош и поддршка со припрема на пропратни документи за вработување.
  • Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 37.000  денари во бруто износ.

Најдоцна до 27 Октомври 2023 г. заинтересираните кандидатки треба да достават:

  • скенирана копија од дипломата за завршено образование;
  • кратка биографија;
  • најмалку една препорака од претходни работни места.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Координаторка – Тетово “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости