Ќе преживеат ли жените овде? – Марш за 8-ми Март

На 8-ми март 2023г. се одржа седмиот Марш за женски права на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, оваа година под наслов: Ќе преживеат ли жените овде?

Зошто ваков наслов? За жал, причините се многубројни:

Да се биде жена во Северна Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш тој ден.

Во 2023 година, жените и девојките во државата ги мачат прашања кои ја прикажуваат реалната слика со родовата нееднаквост во земјата, прашања кои прикажуваат колку никој не мисли на женската благосостојба, повеќеслојната и системската дискриминација, газењето на човековите права, насилството, сиромаштијата и општата апатичност да се признае јасно и гласно: жените во Северна Македонија не се ниту еднакви, ниту слободни, ниту безбедни.

Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат и механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост – колективна негрижа за тоа како и дали ќе преживеат жените овде. Оставени сами на себе, жените се жртви на системот во кој колективната негрижа е носечки мотив.

8 Март е еднаш во годината. На овој ден го креваме гласот против колективната негрижа. Но ова се проблемите со кои жените живеат секој ден. Затоа заеднички и гласно кажуваме: Доста е!

Честит 8 Март!

Фотографија: Ванчо Џамбаски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од