Кандидат(к)ите за градоначалници „во заштита“ на жените – жртви од семејно насилство

Елена Димушевска, Извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази големо разочарување од кандидатите и кандидатките за градоначалници на претстојните локални избори.

Кандидат(ки)ите за градоначалниц(чк)и од 3 региони (Скопје, Вардарски и Полошки) беа поканети да потпишат Јавна заложба за унапредување на заштита на жени жртви на локално ниво. Заложбата предвидува обезбедување минимален пакет и финансии за услуги за жени жртви на насилство, согласно Истанбулската конвенција, како и пакет на социјални мерки за полесен излез од насилната средина, особено за жените кои не се економски моќни.

Резултатот од оваа активност е дека само 49 кандидати од 131 ја потпишаа јавната заложба, што е помалку од 38%. Ова е навистина разочарувачки, и покажува дека незаинтересираност да се обезбеди подобра заштита за жените жртви во локалната општина како граѓани на истата општина.

Преземено од: ТВ 24

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена