Како да ги поттикнеме децата на повеќе игра и престој надвор

Пролетта е годишно време во кое целата природа ја покажува својата убавина. Но, како што сведочат повиците на нашата линија, децата почесто одбираат да останат во светот на видео-игрите и екраните. Често го добиваме прашањето за тоа како да се поттикнат децата повеќе од времето да поминат надвор, во природа или да створат занимација која нема да биде поврзана со модерната технологија. Да разгледаме, кои би биле можните насоки за тоа како да го поттикнеме ова кај децата:

1. Да се следи нивниот интерес. Да се организираат активности во кои уживаат самите деца, но да се осмисли како средината на нивното извршување да биде во природа. На пример, доколку сакаат да цртаат, може инспирација да им биде некој пејсаж од природата, или пак ако ги интересира да истражуваат, може да ги бараат разликите во цветовите или листовите.

2. Да се излезе заедно со нив. Децата секогаш сакаат повеќе да излезат и да бидат во природа доколку и ние им се придружиме. Најдобро би било да им покажеме како ние самите уживаме што сме во природа во нивно присуство.

3. Да организираме настани во природата. Можеби да им се придружиме на нашите пријатели, комшии или познаници кои веќе редовно учествуваат во активности во природа со нивните деца.

4. Кога веќе сме излезени во природа, да им дозволиме на децата слободно да истражуваат. Децата имаат природен интерес за работите околу нив и сакаат да ги откријат. Природата нуди  многу можности за разгледување и истражување.

5. Да смислиме повеќе активности за надвор, да ги запишеме на ливчиња и да ги ставиме во тегла од која самите деца ќе можат да извлечат која активност ќе ја прават дента. Случајноста генерира возбуда и интерес за тоа која активност би била одбрана денес, па така децата ќе можат повеќе да се препуштат на активноста што ја извлекле.

6. Да им воведеме некоја нова активност која досега не ја искусиле. На пример, можеби никогаш не се возеле на глисер или пак не биле на кајакарење. Можеби ќе ги заинтересира јавање на коњи или пак стрелаштво.

7. Секогаш кога има можност, да ги охрабриме децата да ги извршуваат секојдневните активности во природа. На пример, доколку читаат книга, тоа да биде во блискиот парк или пак во дворот, доколку живеете во куќа.

Ова се само некои насоки кои можат да ја поттикнат вашата креативност. Бидејќи секој родител го познава своето дете и неговите интереси, токму родителите се во најдобра позиција да одлучат што би било најсоодветна активност за да го поттикне излегувањето во природа на своето дете. Доколку имате интерес за дополнителни насоки и совети за како конкретно да ги спроведете овие идеи во реалноста, Ве охрабруваме да се јавите на нашата линија за советување, во секој работен ден од 15 до 20 часот.

Пишува: Кристијан Павловски: психолог/Супервизор на Линијата за родители

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост бара да престане праксата на правосудството на погрешното третирање на семејното насилство

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, које е жртва на семејно

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена