Каде се парите за женските права?

Промовиран е извештајот за финансирањето на организациите за женски права во осум држави од Западен Балкан и резултатите се загрижувачки смета Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Глас против насилство.

„Во Македонија беа интервјуирани 36 женски организации, тоа се повеќе од 90 отсто од организациите што работат во областа на женските права и седум донатори. Одговорот што го добивме е навистина загрижувачки затоа што она што недостасува дури и во донаторските организации е следење колку од средствата што ги доделуваат се конкретно за женски организации за прашања поврзани со родовата еднаквост и родово базираното насилство. Она што го добивме како одговор од граѓанските организации е дека 9 отсто од вкупните средства со коишто располагаат женските организации се доделени од владата. Странските донатори доаѓаат и си одат и ова не е нешто на кое може да се потпреме кога станува збор за одржливоста на женското движење.

Ова е и причина што во последните години се затвораат некои женски организации, а тие се први кои ги покренуваат прашањата, тие се први кои отвораат СОС линии, шелтер центри, советувалишта за жртви, први се застапуваат родовото базираното насилство да влезе во законите за да можат кривично да се гонат сторителите, а жртвите да добијат соодветна заштита. И ова владата не смее да го заборави“, вели Димушевска за Утрински брифинг. Таа кажа дека за време на карантинот поради пандемијата со Ковид-19 во месеците март април и мај немало зголемено пријавување на родово базирано насилство и семејно насилство заради тоа што центрите за помош ги затворија своите броеви и не работеа и недовербата на жртвите во институциите.

„Прашањето е што потоа? Што ако пријавам и не ја добијам соодветната заштита и ако ме вратат дома со сторителот во карантински викенд? Недовербата во институциите и нефункционалноста на системот да ги заштити жените жртви на насилство придонесе за тоа да нема зголемен број на пријавени случаи, единствено во Македонија за разлика од другите држави“, додава Димушевска.

Преземено од: Слободна ТВ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: