Јавна расправа во Комисијата за еднакви можности – 16 дена активизам против насилство врз жени и девојки

Во Собранието на Република Северна Македонија, на 25-ти Ноември 2024г., се одржа јавна расправа за спречување на насилството врз жените и семејното насилство, дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. На расправата во воведниот дел се обрати Претседателката на Комисијата за еднакви можности, Жаклина Пешевска, истакна дека економската зависност и социјалната изолираност се фактори за насилство врз жените. Дополнително  се обратија и заменик генералниот секретар, Бобан Стојановски, Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, и Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска имаше свое излагање од говорницата на јавната расправа, каде потсети на важноста на постоењето и одржливоста на специјализираните услуги за жртви на насилство врз жени и семејно насилство низ целата држава. Имено, клучно за постоењето на овие услуги е финансирање на истите преку државните буџетите, за што е потребно да се обезбедат средства за оваа посебна намена.

На настанот присуствуваа претставници од разни министерства, меѓународни организации и граѓански организации. Говорниците заклучија дека има пораст на родово базираното насилство и побараа постојана координација и активен пристап за борба против семејното насилство. Истакнаа дека Северна Македонија има добра законска рамка, но потребна е интензивна имплементација.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската