ЈАВЕН ПОВИК за избор на маркетинг/комуникациска агенција

за развој и имплементација на регионална кампања за подигање на јавната свест за технолошки потпомогнато насилство врз жени (TF VAW)

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство објавува јавен повик за избор на маркетинг/комуникациска агенција за развој и имплементација на регионална кампања за подигање на јавната свест за технолошки потпомогнато насилство врз жени (Technology-Facilitated Violence Against Women – TF VAW), во рамки на проектот „Strengthening Legal and Institutional Responses to Technology-Facilitated Violence against Women (TF VAW) in the Western Balkans“, поддржан од Европската Унија, а имплементиран заеднички од УН Вомен и УНДП.

1. За проектот

Проектот има за цел да придонесе кон зајакнување на правните и институционалните механизми за превенција и заштита од технолошки потпомогнато насилство врз жени во земјите од Западен Балкан. Проектот се имплементира во партнерство со организации од Северна Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина, а ги опфаќа и Косово и Црна Гора.

Во рамки на проектот ќе се спроведе регионална јавна кампања за подигање на свеста за различните форми на TF VAW, нивното влијание врз жените и девојките, како и потребата од посилни правни и институционални механизми за заштита.

2. Цел на ангажманот

Да се избере маркетинг/комуникациска агенција која ќе биде одговорна за:

  • развој на креативен концепт за регионална кампања;
  • развој на визуелен идентитет и клучни комуникациски пораки;
  • подготовка и адаптација на дигитални материјали за сите земји партнери, односно на македонски, албански, српски, црногорски и босански јазик;
  • поддршка при имплементација на кампањата на социјални медиуми;
  • медија закуп и оптимизација на дигитална промоција;
  • следење на досег и аналитика на кампањата.

3. Опис на задачите

Избраната агенција ќе биде одговорна за следните активности:

Креативен концепт и визуелен идентитет

  • Развој на креативен концепт за регионална кампања;
  • Подготовка на key visual;
  • Развој на слоган и главни комуникациски пораки;
  • Развој на кампањски визуелен идентитет во согласност со UN Women и ЕУ visibility guidelines.

Дигитални комуникациски материјали

  • Дизајн на најмалку 24 графички објави за социјални медиуми (GIF/кратки анимации/електронски банери) на македонски јазик;
  • Подготовка на copywriting текстови за објави;
  • Подготовка на месечни комуникациски планови;
  • Подготовка на материјали за Facebook, Instagram и други релевантни дигитални платформи.

Адаптација и координација

  • Адаптација на материјалите на локални јазици (албански, српски, црногорски, босански) во соработка со партнерските организации;
  • Координација со проектниот тим и партнерите од регионот;
  • Вклучување на коментари и насоки од UN Women и проектниот тим.

Дигитална промоција и аналитика

  • Сетирање и следење на дигитални кампањи;
  • Media buying / спонзорирани објави;
  • Следење и оптимизација на перформансите на кампањата;
  • Подготовка на аналитички извештаи за досег, импресии и engagement.

4. Очекувани резултати

Од агенцијата се очекува да обезбеди:

  • Развиен креативен концепт, слоган и key visual за регионалната кампања засновани на наодите и препораките од националните анализи на законодавството за TF VAW;
  • Подготвени дигитални материјали на локални јазици;
  • Најмалку 24 спонзорирани објави со дизајнирани графики и GIF анимации на македонски јазик односно 96 објави на 4 јазици (српски,црногорски, албански, босански);
  • Кампања со досег од најмалку 2 милиони луѓе преку дигитални и медиумски канали;
  • Аналитички извештаи за досег, engagement и перформанси на кампањата.

5. Времетраење на ангажманот

Ангажманот ќе трае приближно 6 месеци, согласно динамиката на проектот и договорениот комуникациски план.

6. Потребни квалификации

Право на аплицирање имаат маркетинг/комуникациски агенции кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Најмалку 3 години искуство во развој и имплементација на комуникациски и дигитални кампањи;
  • Докажано искуство со social media marketing и digital campaigning;
  • Искуство во развој на креативни концепти и визуелен идентитет;
  • Искуство во работа со граѓански организации, меѓународни организации или донаторски проекти ќе се смета за предност;
  • Познавање на теми поврзани со родова еднаквост, човекови права и/или насилство врз жени ќе се смета за предност;
  • Капацитет за координација и адаптација на материјали на повеќе јазици.

7. Начин на аплицирање

Заинтересираните агенции треба да достават:

  • Кратко портфолио на агенцијата;
  • Референци и примери од претходни релевантни кампањи;
  • Предлог пристап и краток концепт за имплементација на кампањата;
  • Финансиска понуда со детална спецификација на трошоци;
  • Временска рамка за реализација.

Документите треба да се достават електронски на: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Со назнака:
„Апликација за маркетинг/комуникациска агенција – TF VAW кампања“

телефон за контакт: 077/750-007

8. Рок за аплицирање

Краен рок за доставување на апликациите е: 5ти јуни 2026г.

9. Дополнителни информации

Сите комуникациски материјали и продукти ќе треба да бидат изработени согласно visibility guidelines на UN Women и Европската Унија и ќе подлежат на претходно одобрување од страна на проектниот тим и UN Women пред нивна јавна објава.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство го задржува правото да не избере ниту една понуда доколку не ги исполнува бараните критериуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската