Јавен повик за ангажирање на проектна асистентка

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство со финансиска поддршка од Kvinna till Kvinna Fondation, во рамките на проектот  ,,На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” на ден 01.02.2022г. објавува јавен повик за ангажирање на проектна асистентка.

Работни обврски

Проектна асистентка:

  • Се грижи за техничка и логистичка поддршка на организацијата поврзана со  проектни активности;
  • Подготвува потребна документација (договори, налози и сл.);
  • По овластување од координаторот комуницира со други организации и институции
  • Подготвува извештаи од поединечни активности, следи огласи и можности за проектни апликации;
  • Остварува редовни контакти со претставници од организациите кои се субгрантирани од страна на Мрежата и дава директна поддршка на истите во остварувањето на целите;
  • Помага во подготовката на извештаи, анализа поврзани со спроведувањето на активностите од Националниот Акциски План за имплементација на Истанбулската Конвенција;
  • Одговорна е за целокупната комуникација и зголемување на видливоста на проектните активности;
  • Организира состаноци, посети, работни средби, обуки и настани поврзани со проектните активности;
  • Следи објави и известувања во медиумите во врска со родовото базирано насилство врз жени и деца и семејно насилство;
  • Креира постови поврзани со проектните активности и соработува со сите медиуми на национално ниво.

Општи услови

Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • завршено високо образование;
  • познавање на административно работење;
  • најмалку 2 (две) годишно работно искуство поврзано со спроведување на проекти;
  • одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување);
  • одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office);
  • изградени способности за тимска работа;
  • добро изградени организациски и комуникациски вештини;
  • кандидатки кои се динамични и самоиницијативи.

Дополнителни критериуми за избор
За работното место предност ќе имаат кандидатките со:

  • претходно искуство во здруженија на граѓани;
  • познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
  • образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, економија, право, или други сродни професии;
  • мотивираност за работа во областа на конкретното работно место;
  • доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи;
  • динамичност, амбициозност и самоиницијативност.

Потребни документи

 Најдоцна до 01.02.2022 заинтересираните кандидатките треба да достават:

  • скенирана копија од дипломата за завршено образование;
  • кратка биографија;
  • најмалку една препорака од претходните работни места.

Ангажманот предвидува полно работно време од 40 часа неделно од 08.00/09.00-16.00/17.00 секој работен ден. Вработувањето е на определено време во времетраење од 9 (девет) месеци. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 51.845,00 денари бруто износ.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за проектна асистентка треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости