Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за подготвување на интерни организациски документи

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство (Национална мрежа) со финансиска поддршка од Шведската Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation), во рамките на проектот ,,На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” на ден 28.07.2023г., објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка и ревидирање на интерни организациски документи.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ПОВИКОТ?

Целта на повикот е ангажирање на стручно лице кое ќе изврши ревидирање на постоечкиот Правилник за финансиско работење и процедурите за јавни набавки за потребите на организацијата и ќе подготви соодветен Правилник за финансиско работење согласно моменталната важечка законска регулатива кој треба да содржи и обрасци и документи за финансиско и административно работење. Дополнително ангажираното лице  ќе треба да подготви и Правилник за работа и управување со човечки ресурси и истиот треба да ги содржи следните компоненти: законски одредби, права и обврски од работен однос, ангажирање на лица, волонтери и практиканти, користење на одмор, исплата на плата и зголемување/намалување на плата, хонорари и награди и за вработени лица како и основна систематизација на работни места, согласно организациската структура на Националната мрежа.

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

Со заедничка соработка со тимот на извршната канцеларија на Мрежата, од ангажираното лице се очекува да подготви два документи и тоа Правилник за работа и Правилник за финансиско работење и процедури за јавни набавки. Во работниот ангажман е предвидено:

  • Ревидирање на постоечките правилници и политики;
  • Подготовка на документите;
  • Консултации со тимот на Националната мрежа;
  • Финализирање на документите.  

Критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати/ки:

  • Да има претходно искуство во подготовка на организациски документи;
  • Да ја познава законската рамка релевантна за подготовка на овие документи;
  • Да има професионално искуство со граѓанското општество.

НАДОМЕСТОК И ВРЕМЕНСКА РАМКА

За подготовка на двата документи предвиден е вкупен паричен надоместок од бруто износ од 1000 евра во денарска противвредност. 

Временската рамка за подготовка на тематските извештаи е 3 месеци почнувајќи од 1 септември, до 30 ноември, 2023 година.

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Рок за поднесување на апликации е до 20.08.2023 година.

Документи за аплицирање за овој повик се следниве:

  • Кратка биографија (на македонски јазик);
  • Две препораки од претходни ангажмани од иста или слична тематика.

Потребната документација треба да се испрати електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

За сите дополнителни прашања можете да ни пишете на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и