Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Правна советничка/адвокатка во Женски центар за поддршка – Скопје на определено време во период од 1(една) година, со можност за продолжување. Ангажманот започнува на 01 Март 2025 година.
1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома од завршен правен факултет
- Положен правосуден испит
- Работно искуство во граѓански организации (најмалку 2 години)
- Работно искуство во полето на родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца (најмалку 2 години)
- Познавање на националното законодавство и механизми за заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
- Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
- Одлични познавања на македонски јазик
- Самоиницијативност
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
Како предност ќе се смета:
- Искуство во директна работа со клиенти/ки
- Нудење на правна помош на ранливи групи на граѓани
2.Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување правно советување на жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, адвокатско застапување пред надлежните судови, изготвување и проследување на правни акти до надлежни институции поврзано со постапување во случаи на родово базирано насилство и семејно насилство, согласно националното законодавство и усогласеност со Истанбулската Конвенција, како и придружба на корисничките до надлежните институции и организации. Дополнително, кандидатката ќе биде одговорна за документирање случаи на родово базирано насилство и семејно насилство врз жени.
Најдоцна до 21 Февруари 2025г. година заинтересираните кандидатки треба да достават:
– скенирана копија од дипломата за завршено образование
– копија од адвокатска лиценца со број
– кратка биографија
– Мотивациско писмо со Финансиска понуда за месечен надоместок во бруто износ во денари (МКД).
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Документите со назнака/предмет на пораката „Јавен повик за Правна советничка Скопје“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk



