Итна измена на Кривичен законик: Воведување на ново кривично дело – ДЕМНЕЊЕ

Наодите од последната сеопфатна студија направена од ОБСЕ за Благостостојбата и безбедноста на жените во РСМ покажуваат дека 30% од испитаничките го препознавале демнењето и пријавиле дека биде демнети. Понатаму, податоците од истражувања спроведени во Соединетите Американски Држави, покажуваат дека 76 отсто од жените што биле убиени (фемицид) претходно биле демнети најмалку 2 години. Според истите истражувања, најчесто демначот е сегашен или поранешен интимен партнер. Овие факти укажуваат дека доколку се регулира и санкционира демњето како кривично дело, ќе придонесе кон превенирање на потешки облици на кривични дела како што се тешки телесни повреди или убиство.

Истанбулската Конвенција го дефинира Демнењето ,,како секое намерно однесување на повторно заканување насочено кон друго лице што предизвикува лицето да се плаши за својата безбедност- чл.34 ИК. Според Конвенцијата на делото му претходи умисла од демначот и жртвата трпи постојани закани од друго лице, предизвикувајќи страв за својата безбедност и истото треба да се казни.

Неопходно е итно инкриминирање на  Демнењето во македонскиот Кривичен законик, бидејќи само на тој начин може да се спречи овој вид на насилство, а сторителите да се соочат со кривична санкција.

#ИтнаИзменанаКЗ #changingmindstoEVAW

Оваа активност е во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, кој се спроведува во партнерство со УН Вомен Скопје, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го имплементираат Центарот за истражување и креирање политики и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во