Итна измена на Кривичен законик: Воведување на ново кривично дело – СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

Сексуалното вознемирување мора да се инкриминира. Според последното истражување на ОБСЕ за Благосостојбата и безбедноста на жените во Република Северна Македонија 30% од жените доживеале една или повеќе форми на сексуално вознемирување.

Секое непосакувано флертување; довикување и извикување со називи во сексуална конотација; свиркање; навредување; допирање без согласност; барање/ очекување сексуални услуги; гестикулации и движења со телото кои симулираат сексуални дејствија; на работа, на улица, во автобус, во бар, хотел или ресторан, на плажа или било каде е кривично дело и го повредува интегритетот на личноста, а со тоа и ги крши и основните човекови права.

Истанбулската Конвенција, која Република Северна Македонија ја ратификуваше во 2017 година, а стапи на сила во 2018 година, во член 40  го дефинира сексуално вознемирување како „секоја форма на несакано вербално, невербално или физичко однесување од сексуална природа со цел или последица повреда на достоинството на лицето особено кога се создава заплашувачка, непријателска, понижувачка или навредлива средина треба да е предмет на кривична санкција“.

Во македонскиот Кривичен законик Сексуалното вознемирување не е опфатено како посебно кривично дело, со што се остава простор сторителите да го повторуваат ова однесување знаејќи дека нема да бидат казнети.

Сексуалното однесување може да се извршува преку вербално однесување како зборови или звуци изразени или комуницирани од страна на сторителот (шеги, прашања, коментари) кои може да се изразат усно или писмено, но и преку невербално однесување, на пример изрази на лицето, движења на рацете или симболи кои укажуваат на сексуална активност. Сексуалното вознемирување може да се изврши и со физички контакт со телото на жртвата.

Секоја од овие форми на однесување се од сексуална природа и се несакани од страна на жртвата, а целта која сака да ја постигне сторителот е да го повреди достоинството на жртвата. Со ова однесување се создава заплашувачко, непријателско, понижувачко или навредливо опкружување.

#ИтнаИзменанаКЗ #changingmindstoEVAW

Оваа активност е во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, кој се спроведува во партнерство со УН Вомен Скопје, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го имплементираат Центарот за истражување и креирање политики и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во